Зголемената цена на струјата ќе удри по сите граѓани

Регулаторна одлучи од 1ви јули граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја. За 7,4 проценти во просек се зголемува цената на струјата за 98,8 проценти од домаќинствата кои со својата месечна потрошувачка влегуваат во првите три блока.

Оние што ќе трошат до 210 киловат часови струја само во скапа тарифа ќе плаќаат заа 5,5 проценти повисока цена. За потрошени од 210 до 630 киловат часови покачувањето ќе изнесува 10.3 проценти, за 18.3 проценти ќе изнесува згомувањето во третиот блок. Додека она во 4-тиот е највисоко и изнесува 138,7 проценти.

 

Прв блок 0-210 Kwh – 5,5%

Втор блок 210 – 630 Kwh – 10,3%

Трет блок 630 – 1050 Kwh – 18,3 %

Четврт блок над 1050 Kwh – 138,7 %

Покачување има и кај евтината тарифа од 8,69 проценти. Граѓаните сепак можат и сами да си пресметаат колку би изнесувале нивните месечни сметки за струја, според калкулаторот објавен на веб страната на РКЕ, доколку едно домаќинство троши по 400 киловат часови месечно во скапа и евтина тарифа, и неговата сметка до 30 месецов изнесувала 4,800 денари, со новите цени истата би се зголемила за околу 400 денари. 

Според првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски доколку не се воведеа блок тарифите поскапувањето на струјата би било речиси 18 проценти. Од барањата на енергетските компании кои беа значително високи, прифатен е минимален процент.

Во меѓувреме откако ЕСМ повторно се обврза да обебзеди 100 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи, наместо законски пропишаните 60 проценти, раководството денеска седна на маса. Но освен дека се разговарало за динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства, други детали нема.