Зголемена вработеност, но и работа на црно
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е задоволен што невработеноста во државата се намалува, иако истата е намалена само за незначителни 0,2 отсто. Во исто време тој не изразува загриженост што повеќе од 100 илјади граѓани работат на црно - податок кој го објавија државните статистичари.
Но, универзитетскиот професор по трудово право Лазар Јовевски кој е и советник на премиерот Мицкоски смета дека човечките ресурси и сивата економија се најголемите предизвици на македонското стопанство. Според експертите во Македонија, бројот на работници кои се дел од сивата економија е далеку повисок од официјалниот.
Најмногу работници на црно се регистрирани во земјоделството, градежниот сектор и угостителството. И сето ова се случува кога на глобално ниво се бара работник повеќе. За ваков тип на сива економија се потребни двајца, несовесни газди кои не ги пријавуваат работниците и свесно избегнуваат да платат данок, но и работници кои од сопствени причини прифаќаат да не бидат регистрирани во компаниите каде што всушност работат.

