Зголемен бројот на заразени деца со варичела во охридските градинки

Се поголем бројот на деца со овчи сипаници низ охридските градинки.

Епидемиолозите апелираат до родителите, децата кои не се чувствуваат добро и имаат температура да не се носат во градинка бидејќи се инфективни пред да се појави осипот, а дотогаш инфекцијата се пренесува многу лесно.

Овчите сипаници повторно се појавија кај децата по пауза од две години. За време на пандемијата со ковид 19 ова заразно заболување не беше присутно во градинките и училиштата. 

Препораката е често проветрување на просториите каде што децата претстојуваат и задолжителното миење на рацете.