Зголемен бројот на кражби во туристичките центри

Крадци од целата држава "оперираат" низ туристичките центри. Одземаат паричници, мобилни телефони и накит, најчесто на пофреквентните места каде има туристи. Концертите, шеталиштата, продавниците, моловите.

Од полицијата најавуваат засилени контроли, но бараат и поголема претпазливост од граѓаните. И домовите на охриѓани во последниот период се честа мета на крадци, кои оперираат поединечно или во групи.

За разлика од порано кога најчесто се ограбуваа станбените простории во кои никој не живее, најголемиот дел од последните кражби биле извршени во станови и куќи кои се евидентирани како постојани живеалишта. Освен пари, крадците одземаат, златен накит, часовници, мобилни телефони, лаптоп компјутери и слични вредни работи, кои подоцна ги продаваат на црниот пазар.