Зендели за ТВ 24: Претседателот на Собранието излезе надвор од своите надлежности за иницијативата за референдум од опозицијата
Фадил Зендели од Беса во емисијата 24 анализа потенцираше дека има две потпрашања во претходната иницијатива на опозицијата и сегашната на Левица за референдум, едното е формалниот аспект процедурата, друго е суштината.
- Суштината е важна за Беса и секогаш кога се работи за евроинтеграциските процеси, ние ќе ги поддржиме, го поддржавме и францускиот предлог. Од формалниот аспект за иницијативата на опозицијата, претседателот на Собранието излезе надвор од своите надлежности и не смее во такви ситуации да заземе ставови по такви важни прашања. Тој ги суспендира и комисиите, една од најважните институции во нашиот парламентарен систем. Не смее тој да земе врз себе такви надлежности кога веќе таа постапка треба да се води во матичните комисии. И тој иницијативата требаше да ја пренесе во матичната комисија за политички систем и во законодавно-правната комисија и таму ќе се водеше дебатата. - рече Зендели.