Земјотресот во Србија, се тресело и во Бугарија

Силен земјотрес утрово е регистриран во Србија. Епицентарот бил регистриран во областа Марковац, на длабочина од околу 2 километри. Жителите велат дека земјотресот не траел долго, но дека добро ги исплашил.

„Сите сè уште се тресеме“, велат сведоци.

Дека и вториот земјотрес бил силен сведочат и жители на Петровац на Млава.

Се тресело дури и во соседна Бугарија.

„Добро не потресе овде во Лом“, сведочат жителите на Бугарија, кои живеат на околу 130 километри од епицентарот на земјотресот.