Земјотресот во Еквадор однесе најмалку 15 животи, стотици се повредени

Најмалку 15 лица загинаа, а над 400 се повредени по земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот брег на Еквадор, јави Би-би-си. 

Според тамошните власти, најпогодена е јужната провинција Ел Оро каде што загинале 12 лица. Во земјотресот, кој се случи во саботата околу пладне по локално време, оштетени се повеќе згради и возила во неколку града. 

Меѓу градовите што претрпеа штети се и Еквадор, Мачала и Куенка.