Земјотресот во Албанија - исто како да експлодираат 60.000 тони ТНТ
Foto

Земјотресот во Албанија - исто како да експлодираат 60.000 тони ТНТ

Според податоците објавени на веб-порталот „Волкано дискавери“, земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди денеска Албанија има моќност колку и 60.000 тони експлозив ТНТ. Тоа е е еквивалентно на три атомски бомби, објави порталот Сот Њуз.

Во Албанија денеска беа регистрирани неколку земјотреси. Најсилниот беше со интензитет од 6,4 по Рихтеровата скала, а последниот евидентиран беше по 14 часот, со јачина од пет, а во меѓувреме се регистрирани дури 40 земјотреси.

Според најновите податоци, 16 лица го загубиле животот во оваа природна непогода, од кои две деца. 

Во Тирана во серијата земјотреси денеска се оштетени околу 500 згради. Тоа го изјави градоначалникот на Тирана, Ерион Вељај.

Вељај изјави дека во Тирана се отворени сите прифатни центри за сместување на граѓани, кои морале да ги напуштат своите домови.

Според него, во центрите претежно се сместени стари и болни лица, каде им се пружа постојана медицинска помош.

Персоналот во тие центри ќе работи 24 часа, а центрите ќе бидат отворени се додека не се направат стручни проценки оштетувањата на сите објекти.

– Во овој момент, најважно е да се спасат животите на луѓето, а се друго ќе биде надоместено подоцна, рече градоначалникот на Тирана.

0 Коментари

Остави коментари