Земјотрес во Романија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Романија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот е регистриран во 06:51 часот утринава и бил на длабочина од 112 километри. Епицентарот бил на 53 километри од градот Брашов.
Во вторникот два земјотреси од 3 и 3,2 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани во Романија, а во понеделник земјата беше потресена со земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот во понеделникот беше почувствуван и во Бугарија.
По разорните земјотреси во Турција на 6 февруари, неколку потреси беа почувствувани и во Романија и регионот.