Земјотрес вечерва почувствуван во повеќе градови во Македонија
Предмалку почувстуван земјотрес во нашата држава, според првичните информации епицентарот е во регионот на Битола кон грчка граница. Земјотресот е почувствуван во Скопје, Велес, Кичево и Тетово.
Според ЕМСЦ потресот е регистиран со јачина од 5,8 според РихтЗемјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран 17 минути пред полноќ по локално време во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и во нашата земја.
Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин.
За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.