Земјотрес со јачина од 6,1 степен по рихтер во Грција
Foto

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по рихтер во Грција

Денеска нов потрес на балканското тло. Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала утринава во 9 и 30 по локално време, внесе паника и немир меѓу жителите на грчките остови Крит и Китира, во чија близина бил епицентарот на земјотресот.

Потресот го почувствувале и граѓаните на Атина, иако епицентарот е дури 250 километри оддалечен од грчката престолнина. Директорот на Геолошкиот завод на Србија, Драгоман Рабреновиќ, за телевизијата Н1, појасни дека серијата земјотреси на Балканот се резултат на неодамнешните вулкански ерупции во Италија.

„Вулканите во Италија пред извесно време oслободија голема количина на енергија, предизвикувајќи изместување на тектонските плочи, поради што доаѓа до тресење и лулање, односно се случува земјотрес.“ - вели Драгоман Рабреновиќ – директор на Геолошкиот завод на Србија.

По вчерашниот катастрофален земјотрес во Албанија, следуваа низа потреси и во Босна и во Хрватска. Поради јачината на земјотресите во соседството, се тресеше и македонското тло и вчера и утринава. Последниот земјотрес што ги вознемири Скопјани беше пред две години со јачина од 5,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

0 Коментари

Остави коментари