Земјотрес со јачина од 4,1 степен го стресе северот на Албанија
Foto

Земјотрес со јачина од 4,1 степен го стресе северот на Албанија

Земјотрес, со магнитуда на ударот од 4,1 степен според Рихеровата скала, попладнево ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил во северниот дел на земјата. Потресот најмногу се почуствувал во областа Фуше-Арз, оддалечен само неколку километри од епицентарот, пренесе весникот Газета Експрес.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните од ова подрачје, а многумина, како што се наведува, ги напуштиле своите домови.

0 Коментари

Остави коментари