Земјотрес со јачина 4 степени според рихтеровата скала е почувствуван во југозападните делови од земјава.
Сеизмолошката опсерваторија при природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 145 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.
Според информациите, епицентарот бил на длабочина од 1 километар, а силно е почувствуван во охридско-струшкиот регион.
0 Коментари