Земјотрес почувствуван во Скопје
Foto

Земјотрес почувствуван во Скопје

Ноќеска во 4.55 часот земјотрес се почувствува во Скопје. Земјотресот се почувствува на територијата на целата држава и бил со јачина од 5 степени по Рихтереовата скала со епицентар на 8 километри југозападно од Вруток, Гостиварско, поточно кај Мавровското Езеро, според обновените податоци на американската агенција за геолошки истражувања.

Силниот потрес е почуствуван на територијата на Албанија, Грција, Косово и Црна Гора. Освен вознемиреност меѓу жителите, особено на Скопје, нема пријавено материјална штета .

0 Коментари

Остави коментари