Земјотрес од 7,8 степени ги погоди Филипините, издадена е тревога за цунами

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс.

Земјотресот го погоди островот Минданао, а поради опасноста од големи морски бранови, властите на Филипините и соседна Индонезија издадоа предупредување за цунами.

Германскиот центар за геолошки науки (ГФЗ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Првично, јачината на земјотресот е проценета на 8,2, но подоцна е коригирана на 7,8 степени.