Земјотрес 6,1 степени ја потресе Куба

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ја погоди во понеделникот западна Куба, потресувајќи ги зградите во Хавана и околината.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри западно од главниот град, според американскиот Геолошки завод.

 

Најновиот земјотрес беше почувствуван и во Флорида, САД. Националната метеоролошка служба во Мајами доби неколку пријави за потреси во југозападниот дел од државата.