Земјоделието во Македонија на „ниски“ гранки
Сува земја, уништени системи за наводнување, полевање како во 19 век - со бунари. Поради климатските промени, но и негрижата на надлежните, земјоделите во Македонија го допре дното.
Земјоделците од сите краишта во земјава на земјоделски форум преку виде-порака ги кажаа маките. Без вода велат, нивите ни изумираат.
Земјоделецот Љупчо Колевски од тетовски Челопек е еден од ретките во селото кој се занимава со оваа дејност. Ниската откупна цена и климатските промени ги запустија нивите. И за двата проблеми има решение, вели Колевски, но надлежните со децении не превземаат ништо.
Додека во канцеларија се креираат полики, а земјоделците се на првата борбена линија, борбата со климатските промени ја губиме, велат експертите. Националниот план за прилагодување, кој е основа за меѓународно финансирање, го чекаме повеќе од една деценија, а животната средина е на дното на државната агенда.
Од Министерството за земјоделие, на форумот го потврдија ставот на земјоделците - дека системите за наводнување се во катастрофална состојба. Посочија дека како институција активно работат на имплементација на политики за наводнување со современи технологии.