Земјоделците поделени околу акцизата – бараат побрзо реализирање на „зелената нафта“
Foto

Земјоделците поделени околу акцизата – бараат побрзо реализирање на „зелената нафта“

Различни се ставовите на земјоделците околу владината одлука со која за три денари се зголемува акцизата на горивата, но единствено е барањето „зелената нафта“ да се испорача поскоро. Тие очекуваат да се реализира и најавата на надлежните – наместо 30 отсто колку што беше лани, „зелената нафта“ годинава да покрива 50 проценти од трошоците за горивото.

Од Платежната агенција зпотврдуваат дека поддршката за набавка на гориво во земјоделството годинава ќе биде 50 отсто, како што беше ветено. Но, земјоделците најпрво треба да ги искористат ланските „зелени картички“ кои траат до 30 април 2020 година. 

Според Шаклев, многу е важно поскапувањето на акцизата да трае додека не се покачи цената на нафтата. За претседателот на Самостојниот синдикат на земјоделски производители од Струмица, Ристо Велков, не се проблем трите денари за кои се зголеми акцизата, но треба да се даде побрзо „зелената нафта“ додека е пониска цената на нафтата во малопродажбата.

Претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров поинаку размислува. Смета дека поскапувањето на акцизата е донесено во незгодно време. Тој ги повикува надлежните да размислат како да им се помогне на постарите сопственици на земјоделските стопанства кои имаат застарена механизација зашто, во спротивно, укажува, може да останат необработени околу 10.000 хектари.

Националната федерација на фармери (НФФ) останува на ставот дека е против зголемување на акцизата на горивата. Но, откако е веќе донесената оваа владина одлука, смета дека „зелената нафта“  треба навреме да се реализира, во почетокот летниот период, во јуни, кога се извршуваат и најголем дел од земјоделските активности. Со тоа, ќе се даде диреткна поддршка на земјоделството.

НФФ, како што информира претседателката Васка Мојсовска, достави допис до МЗШВ со кој бара навремена реализација на поддршката на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација која треба да изнесува 50 отсто. 

За „зелени картички“ годинава проектирани 280.000.000 денари.

Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски потенцира дека земјоделците најпрво, до крајот на овој месец, треба да ги искористат ланските картички за „зелена нафта“. Лани за „зелена нафта“ беа планирани 200 милиони денари, а годинава сумата е 280.000.000 денари.

Владата на 21 април ја донесе Уредбата за зголемување на акцизата со која се опфатени безоловниот бензин, дизелот и горивото за греење. Како што рече портпаролот Муамет Хоџа, образложувајќи ја мерката, зголемувањето на акцизата за три денари нема да предизвика дополнителни финансиски импликации врз компаниите и населението, ниту од тоа ќе трпат транспортната или другите дејности зашто цената на нафтата е намалена за 20 денари. Сите средства од зголемената акциза ќе одат во државниот Буџет, односно во Фондот за справување со коронавирусот. Хоџа информираше и дека ако малопродажната цена на нафтата се зголеми за 10 денари, акцизата ќе се намали за еден денар, а доколку цената се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за три денари или ќе се врати цената пред воведувањето на оваа антикризна мерка. 

Неколку дена претходно, на 16 април, министерот за земјоделство, Трајан Димковски, на прес-конференција, прашан од МИА како го коментира ставот на Националната федерација на фармери која е против зголемувањето на акцизата, одговори дека не очекува оваа мерка да има некакво влијание врз производната цена зашто годинава субвенцонирањето на „зелената нафта“ ќе биде 50 отсто.

0 Коментари

Остави коментари