Земјоделците од Овче поле го ставија протестот во мирување, министерот им порача да ја плаќаат водата што ја користат
Се работи за решавање на проблемот во овчеполието со недостигот на вода за наводнување на нивите, порачува првиот човек на министерството за земјоделство по протестот на земјоделците и блокадата на патиштата.
Николовски тврди дека дека земјоделците мора да плаќаат за користење на водата, и да не ја крадат.
Тридневниот протест на земјоделците со блокирање на патот во правец Свети Николе Велес со земјоделска механизација се става привремено во мирување. Нивното незадоволтво е поради како што велат недостиг на доволни количини на вода потребни за наводнување на нивите. Количината на вода системот за наводнување што ја бараат земјоделците за спас на насадите е од 4 до 5 бари притисок во каналската мрежа.
Покрај недостигот на вода земјоделците плаќаат повисока цена и до 70 отсто за разлика од лани покрај тоа тие се револтирании што треба да плаќаат и таканаречен сув данок изгласан од власта што изнесува 60 евра за хектар.