Земјоделците од општина Карбинци повторно бараат распределба на слободното земјиште
Foto

Земјоделците од општина Карбинци повторно бараат распределба на слободното земјиште

Од три до пет хектари земја бараат земјоделците од неколу села во општина Карбинци. Очекуваат  нова распределба на слободното земјоделско земјиште. Сметаат дека земјата треба да ја добијат регистрираните земјоделци од општината. Според нивните пресметки се работи за околу 500 хектари, од кои дел е узурпирано, а дел стои необработено. Сметаат дека ако добијат дел од оваа земја ќе може да се стимулираат особено младите да останат во државата.

Зад барањата на земјоделците застанаа и од Локалната самоуправа. Сметаат дека сега е вистинско време да се распише тендер за постапката да заврши пред есенската сеидба

Од Министерството за земјоделство велат дека слободното земјоделско земјиште во атарот на салата Караорман и Карбинци се планира да биде предмет на Јавен оглас во текот на 2019 година. Од таму велат дека ова земјиште до сега не можело да биде предмет на Јавен оглас, бидејќи за него се водела судска постапка, што сега е завршена со правосилна судска одлука.

0 Коментари

Остави коментари