Земјоделците бараат план „б“ од владата по замрзнувањето на европските пари
Митото на директорот на платежната агенција Илија Стоилев скапо ги чинеше земјоделците.
Близу 90 милиони евра европски пари можат да завршат во вода откако е стопирана исплатата на средствата од ИПАРД 3 програмата. Доцна попладнево од Министерството за финансии информираа дека досега до земјоделските стопанстца се исплатени над 8 од вкупно 97 милиони евра колку што нуди ИПАРД 3
МФ
- До крајот на годината треба да се исплатат 400 000 евра, но во моментов се обработуваат и апликации за мерка 1, мерка 3 и мерка 7 за кои е предвидена финансиска поддршка од 20 милиони евра , пари чија исплата исто така е Платежната агенција не смее да склучува нови договори по донесување на одлуката за времен прекин на исплата на средства од ИПА
Информациите на ТВ 24 говорат дека висат над 560 договори со ИПАРД 3 за кои треба да се исплатат околу 65 милиони евра.
Од Руралната коалиција велат дека ништо не наговестувало на ваков развој на настаните. Извршната директорка Лилјана Јоноски вели дека ако блокадата на ИПАРД средствата се оддолжи последиците ќе бидат големи. Земјоделците веќе вложиле, а враќањето на над половина од средствата сега станува неизвесно. Интервенцијата на државата според неа е неопходна.
Откако вчера првиот човек на Министерството за земјоделие кажа дека нема блокада за ИПАРД 3 програмата, денеска од неговиот ресор велат дека со стопирањето на средствата покажале зрелост и подготвеност на системот во борбата со корупцијата.
Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство
- Заради обезбедување и уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност, како и превземање на дополнителни мерки и активности во врска со актуелните случувања употребен е овој механизам.
ИПАРД 3 програмата трае петта година, но нејзината целосна реалација планирана до 2027 година станува неизвесна, а со тоа и со тоа и судбината на голем број земјоделски стопанства, но и бизниси во преработувачката индустрија.

