Земјоделците бараат план „Б“ од државата по замрзнувањето на исплатаат на европски пари

Митото на директорот на платежната агенција Илија Стоилев скапо ги чинеше земјоделците. Информациите на ТВ 24 говорат дека висат над 560 договори со ИПАРД 3 за кои треба да се исплатат околу 65 милиони евра.

Од Руралната коалиција велат дека ништо не наговестувало на ваков развој на настаните. Извршната директорка Лилјана Јоноски вели дека ако блокадата на ИПАРД средствата се оддолжи последиците ќе бидат големи. Земјоделците веќе вложиле, а враќањето на над половина од средствата сега станува неизвесно. Интервенцијата на државата според неа е неопходна.  

Откако вчера првиот човек на Министерството за земјоделие кажа дека нема блокада за ИПАРД 3 програмата, денеска од неговиот ресор велат дека со стопирањето на средствата покажале зрелост и подготвеност на системот во борбата со корупцијата.

 Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

- Заради обезбедување и уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност, како и превземање на дополнителни мерки и активности во врска со актуелните случувања употребен е овој механизам. 

ИПАРД 3 програмата трае петта година, но нејзината целосна реалација планирана до 2027 година станува неизвесна, а со тоа и  со тоа и судбината на голем број земјоделски стопанства, но и бизниси во преработувачката индустрија