Земјоделците бараат откупни центри и капацитети за празот од стурмичко

Поголеми цени но и откупно преработувачки капацитет. Ова се барањата на производителите на праз од населеното место Градашорци кое се смета за најголем производител на ова земјоделска култура.

Спроед нив секоја година цената е иста, нема сигурен откуп ниту пак одреден преработувачки капацитет или сушара за да може да го предаваат произвдоството.

Првиот човек на општина Василево Славе Андонов тврди дека како локална самоуправа лобираат кај инвеститорите да се отворат откупни центри но и капацитети каде ќе се преработува ова земјоделска култруа. Имаат слободни парцели за таква намена.

Во Градашорци се одржа традиционалниот Ден на празот како можност да се спојат производителите и откупувачите но и да се зголеми производството во овој регион на ова земјоделска култура која последниве години се бара и на странсктие пазари. Во општина Василево околу 100 хектари земјоделска површина се сади со праз.