Земјите на ЕУ се согласија да ги поедностават правилата за патување со сертификати за ковид
Foto

Земјите на ЕУ се согласија да ги поедностават правилата за патување со сертификати за ковид

Земјите на ЕУ се согласија да ги поедностават правилата за патување со сертификати за ковид.. се олабавуваат и мерките. Локдаунот во австрија  завршува следниот понеделник. Сите оние кои примиле две дози и бустер доза од вакцината можат да влезат во Австрија без никакви ограничувања.

Англија се враќа на „планот А“ - ќе учи да живее со инфекцијата, маските за лице и ковид-пропусниците повеќе не се законска обврска. Сепак,маски ќе се носат во дел од продавниците и во јавниот превоз.

Во дел од европските земји пак се рушат дневни рекорди со новозаразени. Во Германија во последните 24 часа се откриени повеќе од 203.000 случаи - највисок дневен билтен  евидентиран од појавата на ковид-19. Во Словенија  се потврдени рекордни 17.491 нови случаи.

0 Коментари

Остави коментари