Земјава не очекува проблеми во однос на преговарачката рамка на Европската Унија
Foto

Земјава не очекува проблеми во однос на преговарачката рамка на Европската Унија

Европската Комисија зазеде принципиелна почетна позиција во однос на прашањето на јазикот во предлог- преговарачката рамка, вели Димитров. Според анализите на МНР, македонскиот јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година, а по 15 години пауза, важен момент е тоа што сега ќе има дијалот меѓу земјите членки пред кои почетната позиција е принципиелна.

Сепак дали Бугарија ќе има забелешки по однос на ова прашање, пред усвојувањето на преговарачката рамка?

„Македонскиот јазик е наша работа и за нас тоа прашање е затворено, со комплетирање на процесот со личната карта во ОН. Околу тоа никој во земјава, ние имаме многу малку нешта з кои што се согласуваме, за жал како политички фактори во земјата меѓутоа за ова прашање мислам дека сме сите на една иста страна – и таа е исправна страна. Како и да оди таа работа ќе мора да ја завршиме така, зборувам за македонскиот народ, покрај сите нашши сограѓани во земјата, во Европа ќе влезе како Македонци кои што зборуваат македонски јазик, тоа е нашето право.“ - изјави Никола Димитров.

Уште од следната недела ќе почне дебата меѓу земјите членки на Унијата околу предлогот на Европската Комисија и вметнувањето на новата методологија. Во неа, за Македонија влегуваат и договорите со Бугарија и Грција.

Во меѓувреме македонските власти и покрај најавите од Атина, не очекуваат дека Грција ќе прави проблем и дека се обидува да ја вметне во употреба кратенката РНМ , место МКД

„Балансот на сите елемнти во Преспанскиот договор беше постигнат во долг процес на преговорање и конструкцијата на договорот е таква што менување на еден елемент значи оддалечување од тешко постигнатата рамнотежа. Согласно конечната спогодба сите елементи се задолжителни за двете страни и употребата на МКД или МК е задолжителна за сите употреби освен за табличките на автомобилите. Таа одредба не остава простор за поинакво толкување.“ - изјави Димитров.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера го поздрави документот на Европската Комисија, но порачуваат дека наведениот чин не значи дека Македонија истовремено има добиено и датум за отпочнување на преговори за членство. Според изборната програма на опозицијата, доколку се вратат на власт тие планираат и Комисија за спречување на негативните последици од Преспанскиот Договор.

0 Коментари

Остави коментари