Земан: Русија стана ирационална, Путин можеби не блефира

Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека руската политика станува сѐ поирационална и оти е можно Владимир Путин да не блефира кога му се заканува на светот со нуклеарно оружје. 

– За жал, ирационалноста е сè поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека заплашувањето со нуклеарно оружје е само блефирање. На крајот на краиштата, самиот Путин во своето обраќање јасно кажа: Јас не блефирам, изјави Земан во интервју за чешкиот дневен весник Млада фронта днес.