ЗЕЛС очекува скоро формирање на комунална полиција и бара глоби до 6000 евра за создавачи на диви депонии

За сите оние кои несовесно исфрлаат ѓубре на несоодветно место, со што се создаваат депонии, се предлага глобите да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра, на 4.000 до 6.000 евра. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека веќе има изготвен предлог-закон за комунална полиција и дека  во наредниот период ќе разговара со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.