„Зелникот на баба“ по десетти пат се одржа во Пробиштип

По јубилеен десетти пат се одржа манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип. На 22 штанда полни со традиционални специјалитети и со натпреварувачки во брзо сукање зелник, во Пробиштип се одржа оваа манифестација, на која зелниците, баничките и слатките правени по традицонален рецепт можеа да ги вкусат посетителите. 

На градскиот плоштад во ова рударско градче имаше масовна посетеност, а гости имаше и од Република Бугарија. 

Инаку, станува збор за манифестација која е единствена и оригинална во цела држава, со богата културно-уметничка програма, а собраните средства од истата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.