Зеленски се пожали дека нема муниција за контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за на пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.

 

Тој призна дека ситуацијата на истокот на Украина е лоша, главно поради недостигот на муниција.

„Чекаме муниција од нашите партнери,“ рече Зеленски за јапонските медиуми.

Според него, руските сили дневно користат три пати повеќе муниција отколку вооружените сили на Украина.