Зеленски ќе се обрати на итниот состанок на СБ на ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати денеска на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН за најновите напади на Русија што предизвикаа прекини на струја и во соседна Молдавија, изјавија дипломати.

 

Зеленски ќе се обрати преку видео врска на вонредната дебата побарана од Украина и која треба да започне во 16:00 часот (21:00 Гринич) во Њујорк, изјавија дипломати за западни медиуми.