Зеленски денеска со европските лидери во Лондон - што подготвува сега Европа за Украина?

Лондон денеска е дипломатската адреса на Украина – Зеленски на маса со Стармер, Макрон и Мерц. Фокус на разговорите во Даунинг стрит е координација на поддршката за Украина и зајакнување на притисокот врз руските воени напори 

Паралелно од средбата - од Киев нови информации за инцидент во близина на Чернобил. Зеленски на социјалната платформа X објави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа , при што во еден дел избил пожар, кој е изгаснат.

- Исклучително критичен инфраструктурен објект - и исклучително подмолен руски удар. Министерството за надворешни работи на Украина, Министерството за енергетика и сите наши служби веќе работат на тоа секој од нашите партнери да знае што се случило.Русија намерно го нападна овој конкретен објект за нуклеарна инфраструктура. Засега нема мерења што ги надминуваат нормалните нивоа на позадинско зрачење, напиша Заленски. 

Зеленски објави и дека Русија во текот на ноќта нападнала 13 украински региони и дека биле гаѓани и цивилни објекти . Порача дека во текот на неделава  Русија лансирала 88 ракети, повеќе од 3.250 дронови за напад и околу 1.800 водени воздушни бомби против Украина. Побара притисокот врз Русија да се зголеми. 

Два дена пред разговорите во Лондон – пораки испрати и Елисејската палата.

- Средбата ќе овозможи континуирана тесна координација на нашата заедничка програма за понатамошна поддршка на Украина и зголемување на притисокот врз воените напори на Русија..Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, а нејзиното воено и смртоносно оружје се користи без успех, стои во соопштението. 

Лондонската средба доаѓа и по украинскиот напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург, што Киев го наведува како доказ за способноста да погодува цели длабоко на руска територија.

Во исто време, Москва  го отфрли предлогот на Зеленски за директни преговори со Владимир Путин. Од таму порачаа дека не постои основа за таква средба. 

Велика Британија, Франција и Германија се меѓу клучните европски сојузници на Киев, а разговорите во Лондон се очекува да ја насочат идната координација на поддршката во услови на продолжена војна.