Зеленчук со високи цени ќе има и во наредните денови, велат откупувачите
Foto

Зеленчук со високи цени ќе има и во наредните денови, велат откупувачите

Освен на пролетната зелка откупувачите очекуваат интерес и зголемени цени и на останатите раноградинарски култури во струмичко.

Странсктие пазари веќе покажуваат интерес за увоз на пиперки, домати и краставици од овој регион но како што велат домашните трговци  производството сеуште не е стасано а во однос на минатите години значително се намалени површините со овие култури. ОД таа причина за овој период од годината значително се виоки цените по зелените пазари.

Блажо Витанов вели дека високите цени се резултат пред се заради намалените засадени површини под пластеници со зеленчук и не смета дека пандемијата со ковид-19 има влијание за зголеената побарувачка. Според него сите откупувачи имаат свои деловни партнери во странство со кои соработуваат и со години го бараат произвдоството од струмичко.

Интензивните берби на домати краставици и пиперки се очекуваат за десетина дена кога и реално ќе се види дали и колкава че биде понудата и дали високите откупни цени и понатаму ќе опстојат по пазарите во земјава.

0 Коментари

Остави коментари