Зечевиќ за ТВ 24: Изборот на Заев за Ковачевски како негов наследник не значи дека тоа е став и на СДСМ

Миле Зечевиќ од  СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека Димитар КОвачевски му е партиски другар и не може да му најде замерка во партиската активност .

- Повеќе се има посветено на бизнисот и делот во стопанството. Јас сум бил активен во партијата и во рамките на организацијата. Сметам дека ова ми е мотив да се вклучам во процесот и на партијата и треба силна внатрешна реорганизација. Не ги знам личните мотиви на Заев зошто го одбрал Ковачевски, но не значи дека тоа е став и на СДСМ. - рече Зечевиќ.