Здруженијата за заштита на животните со протест поради одложено судење на кучето Феликс

Македонските здруженија за заштита на животните денеска излегоа на протест во Скопје од каде бараат судовите да изрекуваат минимум една година затвор за убиство и мачење на животни. Апелираат до судството во Македонија да се промени досегашната пракса со неказнивост. Правдата не е избор, туку обврска на секое демократско и хумано општество, порачаа од маршот. Движењето почна од кај Министерството за внатрешни работи,  до Основно јавно обвинителство и на крај до Кривичен суд.