Здруженија на дијабетичари бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија

Итна промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со дијабетес кои се на инсулинска терапија, навремена дистрибуција и достапност во аптеките - побараа од Сојузот на диајбетичари.

 

Веќе половина година бараат средба со надлежните но до сега велат не добиле повратен одговор. Според нив загрижуваат бројките, во земјава има околу 40 000 лица кои примаат инсулинска терапија, 5000 лица со дијабетис тип1, а 600 од нив се деца кои се комплетно зависни од инсулин.

 

И од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија како што велат изминативе 5 години, се обидувале да му укажат на минисетерството за здравство дека детскиот дијабетес нема перспектива и здравствена безбедност, доколку во третманот не се применуваат нови терапии. Но и тие се уште чекаат одговор од надлежните.

 

Според здруженијата има пораст и на случаи со постковид дијабетес особено кај поризичните групи. Порастот на лица зависни од инсулин се зголемил за време на Ковид пандемијата. Ако на годишно ниво 30 до 40 деца примале инсулинска терапија, лани на детската клиника биле дијагностицирани нови 70 деца.