Здружението „Наши“ поднесе кривични пријави до ОЈО за повреди врз деца, направени од центрите за социјална работа, чии штитеници се
Деца-штитеници на еден од центрите за социјална работа во Македонија, дале писмени изјави дека сакаат со таткото да одат на одмор, а од центарот тоа не им го дозволиле.
Ова е само еден од примерите што го мотивира Здружението „ Наши“, да почнат со поднесување кривични пријави до ОЈО, за повреди на деца -штитеници на центрите за социјална работа низ Македонија.
Денеска од здружението до Јавното обвинителство поднесоа 5 кривични пријави за повеќе од 20 лица, вработени во центрите за социјална работа.
Поучени, како велат, од примери дека една институција не може да казни или затвори друга институција, го повикаа Јавното обвинителство да ги истражи случаите и да покрене соодветни постапки.