Здружението на млади правници со тужба до владата, МЖСПП и град Скопје

Македонското здружение на млади правници – поради континуираното аерозагадување уште во месец јули поднело тужба пред граѓанскиот суд во скопје против владата, министерството за животна средина и град Скопје.

Со тужбата бараат утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност, на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности за справување со аерозагадувањето и редуцирање на pm 10 честичките во воздухот.

Здружението исто така бара и да се утврди дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на pm 2.5 честичките.