Здружението на информатичари реагира на новиот концепт за основно образование
Foto

Здружението на информатичари реагира на новиот концепт за основно образование

Здружението на информатичари на македонија реагира на најавената концепција во основното образование.

Во писмото испратено до министерството за образование и наука велат дека со новиот концепт, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини, се оди неколку чекори наназад и се брише се она што досега е постигнато.

Реагираат и на укинувањето на претходно воведените теми од информатиката во раната возраст и апелираат да не се оди, како што велат, со избрзани решенија.

0 Коментари

Остави коментари