Здружението на граѓани акционери на Топлификација реагираат дека ќе има процесна постапка

Бизнисот на Адора инженеринг, на Чифлиганец, се проширува и во топлинската енергија. За околу 9.3 милиони евра, Чифлиганец, ја купува „Топлификација“која е во стечај, информацијата ја потврди и стечајниот управник на „Топлификација“ Богољуб Макревски но и Адора.

Денеска, со соопштеније се јавија од Здружението на граѓани акционери во Топлификација, за продажбата на дел од имотот на Топлификација велат дека во тек се повеќе процесни постапки поврзани со незаконитостите во стечајните постапки на ТЕ ТО АД и на Топлификација АД и со, како што велат,  непостапување на надлежните државни органи во овие стечајни постапки. 

„Дел од процесните постапки се пред домашните надлежни органи, а две постапки се подготвуваат за судските институции надвор од државата. Тековната продажба на дел од имотот на Топлификација, со оглед на текот на оваа постапка и учесниците во постапката ќе биде предмет на процесна постапка во наредниот период.“ - се наведува во соопштението на Здружението на граѓани акционери во Топлификација - Скопје

Првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски вели дека раѓаните треба  да бидат спокојни во текот на грејната сезоната. Бислимовски појасни дека нема да се дозволат никакви трансакции, и дека ќе си останат тие компании кои си ја вршат дејноста. Посочи дека за тоа  новиот сопственик ќе треба да склучи соодветен договор доколку има потреба со БЕГ производство. 

„Од апсект на цена ќе нема никаква промена кај граѓаните, бидејќи како што досега сме определувале цена во претходниот период така на истите тие топлани ќе им определуваме цена и во наредниот период. Верувам дека и АДОРА ќе ја извести јавноста откако ќе стане официјално сопственик и кога ќе се одржи стечајното собрание дали ќе ја врши оваа дејност или ќе ги даде под наем овие топлани како што беа давани во претходниот период на БЕГ производство.“- вели директорот на Регулаторна Комисија, Марко Бислимовски.

За бизнисот со топлинска енергија која оди во рацете на семејството Чифлиганец,  од  Адора инженеринг велат дека регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент. 

„ Во Адора веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна Комисија за Енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси“. - вели,  Душко Чифлиганец - заменик генерален директор на Адора.

Топлификација е во стечај од крајот на 2018 година, на барање на Битар Холдингс Лимитед која е 89% сопственик на ТЕ -ТО за побарување од околу 1,1 милион евра. Од Регулаторна Комисија појаснуваат дека на АДОРА, согласно законот за енергетика, ќе и се определи цена за топлинска енергија како регулиран производител.