Здружение од Скопје го прослави некогашниот ден на Републиката

На овие сегменти југоносталгичниот народ со гордост се сеќава и враќа во времето како се живеело тогаш. Денешниот датум 29ти ноември пред 81 година во Босанското гратче Јајце е одржано Второто заседание на АВНОЈ на кое бил донесен и усвоен националниот комитет за ослободување на Југославија.

Основата за второто заседание на АВНОЈ било да се создаде Федеративна Југославија во која било планирано да живеат јужнословенските народи во една држава: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци. Тогаш на Тито му била додадена придавката Маршал на Југославија. Подржувачите на борците од НОБ и денес го одбележаа овој значаен датум во историјата и одадоа почит кон како што велат доживотниот претседател на Југославија.

На овој ден се пееја пофални песни за Тито, се одржуваа приредби во културните домови, а учениците од прва класа станаа пионери. Последната генерација пионери е родена во 1982 година. Интересното кај овој празник е што неформално продолжи да се празнува и по распаѓањето на СФРЈ, а од крајот на деведесеттите се славеше само во Србија, до нејзиното официјално укинување, на 14 ноември 2002 година, со одлука на Сојузното собрание на Сојузна Република Југославија.