Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка: Уставните судии да одлучуваат само по уставот и законите
Foto

Здружение на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка: Уставните судии да одлучуваат само по уставот и законите

Во пресрет на седницата на уставниот суд на која како прва точка од дневниот ред e ставена нивната иницијатива за оценка за уставноста и законитоста на член од законот за банки, здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ ги повикува уставните судии при одлучувањето да се концентрираат само на уставот и законите.

Според нив  ниту една од 2.000 фирми депоненти на банката не добила ниту денар обесштетување од фондот, многу од нив се на работ на опстојување, не се ликвидни бидејќи парите им се заробени во банката, вработените оставени на улица.

0 Коментари

Остави коментари