Здравствените работници на протест против насилството - „Доста е!“
Foto

Здравствените работници на протест против насилството - „Доста е!“

Мод мотото „Доста е! Стоп за насилството врз здравствените работници“ денеска во 11 часот ќе се одржи протест на здравствените работници, по неодамнешните напади во неколку здравствени установи.

Протестот го организира Асоцијацијата на млади лекари специјализанти со поддршка од Синдикатот на Клинички центар и други здруженија на здравствени работници

Протестот ќе биде во Клинички центар на Хелиодром, пред ГОБ 8. Септември, пред Стара Градска болница, пред поликлиниките и Здравствени домови, пред ординации, пунктови, во периодот од 11 до 11.30 часот.

Статистиката покажува дека во изминативе 9 месеци се случиле дури 15 случаи на напади врз доктори.

0 Коментари

Остави коментари