Здравствените работници кои што се први на удар од коронавирусот се уште не зеле плата за март

Епидемиолозите кои се први во борбата против корона вирусот, микробиолозите кои деноноќно работат и прават тестирања на граѓаните, како и сите други вработени во институтот за јавно здравје – што е клучната институтција во справувањето со здравствената криза се уште не зеле плата за месец март.

Вработени во Институтот реагираа до ТВ 24. Информацијата ја потврдува и директорот д-р Шабан Мемети. Вели дека се уште се чека на усогласување на колективните договори со Минстерството за здравство. Како што и претходно ТВ 24 објави дека вработените во институтот изостанаа и од покачувањето на платите – владина мерка која почна да важи за останатите здравствени работници од месец март.

Директорот вели дека веќе имале состанок со министерот за здравство на кој им било ветено решение, но досега се уште немаат конкретни информации. Во институтот работат околу 200 здравствени работници кои сега во услови на пандемија работат 24/7.