Здравствени проблеми кај работничките во текстилната индустрија
Дури 80 проценти од работничките во текстилната индрустрија кај нас имаат здравствени проблеми. Бројните истражувања покажале дека македонскиот работник не работи во безбедни и здрави услови.
Дополнително загрижува тоа што луѓето немаат свест да преземат мерки за ваквите состојби, посотојано се нарушуваат и минимално договорените услови за работа.
Ваквите состојби се повторуваат и никој не презема одговорност. Тоа е еден од главните проблеми кај нас додава Петковски.
Со исти проблеми се соочуваат и работниците во околните држави. Бројот на повреди на работно места и голем и кај работниците од Црна Гора.
Клучно за заштита на работникот е размената на искуства и делувањето во насока на намалување на бројот на несреќи на работа, зајакнување на капацитетите на советите за безбедност и здравје при работа и вклучување на граѓанските организации во активностите велат од Балканските здруженија за заштита при работа кои во Охрид дебатираа на сиве овие теми поврзани со заштита на работникот.