Здравствени инспектори и омбудсманот ќе го посетат Јовановски во Шутка
Народниот правобранител денеска ќе го посети Бојан Јовановски во затворот во Шутка, откако неговиот адвокат вчера изјави дека Јовановски бил во животозагрозувачка состојба, а дека никој од лекарите не сакал да преземе одговорност и да го хоспитализира.
Освен народниот правобранител вонреден надзор во амбулантата во затворот во Шутка ќе направат и здравствените инспектори.
Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за ТВ 24 потврдуваат дека ќе извршат проверка на медицинската документација на Бојан Јовановски и ќе проверат како бил третиран од страна на здравствените работници во затворот.
Надзорот ќе го направат по допрен глас. Бојан Јовановски е обвинет во случајот „Рекет“, а веќе 5 месеци е во затворот во Шутка.