Здравева за ТВ 24: Некои од облиците на дискриминација се условно кажано лесно препознатливи

Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот комитет во емисијата 24 анализа потенцираше дека една од работите што не се прави доволно е што не се соработува со граѓанскиот сектор.

- Во процесите на градење политики и носење на одлуки, еден од првите чекори кон подобрување на таа ситуација е да се воспостави малку потесна соработка со секторот кој е важен чинителво сите процеси на создавање на политики и коректор тие да бидат поефективни и да се спроведуваат како е замислено да се дадат очекуваните резултати. Некои од облиците на дискриминација се условно кажано лесно препознатливи. - рече Здравева.