ЗБРКАТА СО НАВОДНОТО ЗАРАЗЕНО ШПАНСКО МЕСО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ ПРОБЛЕМ
Foto

ЗБРКАТА СО НАВОДНОТО ЗАРАЗЕНО ШПАНСКО МЕСО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ ПРОБЛЕМ

Чие е местото со африканска свинска чума ќе утврдуваат владите на Шпанија, Бугарија, Македонија и Европската комисија. Истрагата треба да покаже што се случувало со пратката од Шпанија на свинско месо, во којашто од страна на АХВ беше утврдено присусутво на вирусот. Шпанските власти прстот го вперија во Бугарија.

По направена анализа на фармата во Шпанија од која се претпоставува дека потекнува местото увезено во земјава - не е утврдено присуство на африканска свинска чума – тврдат шпанските власти. Пратката тешка 21 тон повеќе од 1 месец, пред да влезе во земајва стоела во склад во Бугарија. Откако ја поминало македонската граница, местото две недели стоело и на Деве Баир, тврдат шпанските власти. Според Шпанија - месо стигнало заедно со 8 тони месо кое потекнувало од Бугарија, каде според шпанските власти официјално е потврдено присуство на африканска свинска чума.

- „Контаминираното месо детектирано во Северна Македонија било анализирано две недели по влегувањето во земјава. Товарот допремен со камион од Бугарија бил повеќе од месец дена во ладилник во Бугарија. Исто така, шпанското месо стигнало заедно со 8 тони месо кое потекнува од друга земја во која званично е потврдено присуство на вирусот на африканска свинска чума, како што е Бугарија.“ - Амбасада на Шпанија во Македонија.

Од Агенцијата за храна и ветеринсарство пак немаат сознанија колку време спорното месо стоело во склад во Бугарија. За нив велат при контролата, важно е дека месото е увезено со соодветна декларација, складирано на соодветен температурен режим и во рок на употреба. При анализата според агенцијата запазени се сите процедури, а по првата извршена е и втора анализа.

- „Во целост се испочитувани законските и одредбите од Правилникот за земање мостри, со кој детално е уреден начинот и постапката за мострирање. Во целост се испочитувани и одредбите од пропишаните процедури на АХВ согласно ИСО стандардите. По извршената лабораториска анализа, Агенцијата изврши втора анализа со акредитирана метода, во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Дополнително, преку Факултетот мострата е испратена за лабораториско испитување и во референтна лабораторија во Шпанија.“ - АХВ.

Минатата недела првиот човек на АХВ изјави дека вирусот е детектиран во пратката тешка 21 тон по потекло од Шпанија, а неколку дена подоцна се премислија. Откако се утврди дека шпанското свинско месо е безбедно – македонските власти одлучија - нема да воведат забрана за увоз на свинско месо од Шпанија.

0 Коментари

Остави коментари