Зборовите Република Македонија секаде во Уставот се менуваат со Република Северна Македонија

Усвоен првиот од четирите нацрт амандмани. Зборовите Република Македонија секаде во Уставот се менуваат со Република Северна Македонија.

Во меѓувреме седницата продолжи со расправа за вториот амандман со кој се интервенира во преамбулата на Уставот и зборовите „Одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.