Завршува скрининг процесот со ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел ќе присуствуваат на билатералниот состанок со Европската комисија по „Поглавјето 31 – заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање земјава го завршува скрининг процес со Унијата.
Завршниот скрининг по Кластерот 6 почна вчера со делот по „Поглавјето 30 - надворешни односи“, во чии рамки воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека Северна Македонија има највисок степен на трговска отвореност во регионот на Западниот Балкан и нема да бара преодни периоди, туку во целост ќе го прифати правото на ЕУ.