Завршува мерката „есенска потрошувачка кошница“

Последен ден кога граѓаните можат да купуваат со намалени цени. Денеска завршува владината мерка за ограничување на маржите есенска кошничка.

На листата на  есенска кошничка беа 73 производи меѓу кои, леб, тестенини, брашно, пекарски производи како бурек и банички со месо и сирење, млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, дел од овошјето и зеленчукот, ориз, грав, масло за јадење и дел од конзервираните производи. 

Граѓаните велат дека не почуствувале промена во семејниот буџет.

„Ништо, стандардно се исти.“

„Немам направено есап, мало намалување не е некое значајно.“

„Од таа мерка, малку се заштеди, затоа што трговците пред да дојде мерката цените малку ги симнаа.“

„200 до 300 денари месечно, малку по пет шест денари десен највеќе намалено нема многу не се осети.“

Доколку од утре дојде до зголемување на цените на длежните најавија дека жестоко ќе се спротивстават. 

Бизнисмените велат дека нема да се зголемат цените на основните прехрамбени производи, особено на лебот и печивата. Но, не се исклучува можноста дел од производите да поскапат.

„Ние мислиме дека нема да се зголеми, ќе останат цените тука каде што се. Можеби за даден производ екстремно некоа ситна проекција, генерално на основните продукти нема да има зголемување на цените.“ - Горан Георгиевски.

Инаку ставот на експертите беше да не се оди со мерки кои што веќе беше јасно дека не даваат резултатит, туку потребно е да се зголемат платите на работниците со цел подобрување на животниот стандард.  

„Синдикалната минимална кошничка поевтини само за 57 денари. А пресметките на синдикалците велат дека во текот на еден месец само за храна  на едно четиричлено семејство му се потребни 22,000 денари .“

Вредноста на синдикалната минималната кошничка за месец октомври 2024 година изнесува 61,249 денари.